Седумгодишниот Муртаза Ахмади од Авганистан, кој стана светски познат откако самиот си изработи дрес од Лионел Меси, остана без вистинскиот дрес на аргентинската фудбалска ѕвезда, откако Талибаните упаднале во неговото село па морал да избега без скапоцениот подарок.
Ахмади го привлече вниманието на социјалните мрежи пред неколку години кога се појави негова фотографија на која носи „дрес“ од сино-бела пластична кеса на која со фломастер бил напишан бројот 10 и името на Агентинецот. Веста за малиот обожавател на Меси од со војна зафатениот Авганистан стигна до фудбалерот, кој како амбасадор на УНИЦЕФ во 2016 година во Катар се сретна со Ахмади и му подари вистински дрес и фудбалска топка.
Момчето толку го чувало дресот и топката, која не ја носел надвор да си игра со неа за да не ја оштети и ја чувал завиткана во најлони, сепак, остана без нив. Минатиот месец селото го нападнале Талибаните, па семејството на Ахмади морало веднаш да избега оставајќи се што имале.