„Фестивалот на новиот германски филм“ во Центарот за култура во Кавадарци почнува денеска и ќе трае до петок.
Трагикомедијата „100 работи“ која зборува за тоа колку конзумеризмот нè обзема и колку ги користиме материјалните рaботи за да ги искомпензираме суштинските во режија на Флориан Давид Фиц е филмот кој ќе го отвори фестивалот вечерва во 19.30 часот.
Покрај филмот „100 работи“, публиката ќе има можност да ги погледне и филмовите „Жешко столче“, „Во време кога светлината згаснува“, „Исход на вистината“, „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка“, „Помош, ги смалив родителите“ како и серијалот на кратки филмови.
Филмскиот фестивал на новиот германски филм веќе од утре до 22 мај ќе започне со проекции и во Куманово.