Поради големиот број хранливи состојки, медот треба да се конзумира секој ден. Тој нуди многу предности за нашето здравје, а е одличен и за одржување на телесната тежина.
Нутриционистите советуваат да користиме мед со проверен квалитет, а повеќе се препорачуваат темните видови мед. Ако ја следите оваа диета, можете да изгубите 2-3 килограми за 3 дена.
Прв ден
Појадок : 2 жолчки измешани со 1 лажица мед. Покрај тоа, пијте чај со лимон или кафе (без шеќер
Ручек : 100 гр. сирење + 50 гр. варен морков + 50 гр. варена брокула + 50 гр. варен карфиол. Сето ова измиксирајте го во блендер, и направете кремаста смеса. Можете да испиете чај или кафе со 1 лажичка мед.
Вечера : бистра супа од зеленчук, кришка интегрален леб и 1 јаболко/портокал или круша со 1 лажица мед.
Пред спиење, испијте чај со лимон.
Втор ден
Појадок : исто како и првиот ден
Ручек: Направете крем од 1 меко готвено јајце, 1 лажица мед и 100 гр. младо сирење. Покрај овој оброк, испијте чај со лимон или кафе.
Вечера: 150 гр. риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.
Трет ден
Појадок: исто како првиот ден + 1 јаболко
Ручек: 60 гр. сирење, кришка интегрален леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.
Вечера: 300 гр. варен зеленчук, једно меко варено јајце и шолја чај со мед.