Најспектакуларниот метеорски дожд оваа година ќе се случи овој четврток и петок

Фрагментите на астероидот 3200 Фаетон ќе се распрска овој четврток и петок, што ќе доведе до една од најсјајните метеорски експлозии за оваа година.

Меѓутоа, метероскиот дожд Геминид, кој буквално ќе биде видлив овој четврток и петок навечер, нема да биде класичен. Луѓето ќе бидат сведоци како делови од астероидот се распаѓаат на небото и тоа ќе биде еден од највеличествениот метеорски дожд за оваа година.

Сите оние кои ќе одлучат да излезат и да гледаат ќе имаат можност да ги видат деловите 3200 Фаетон како согоруваат на небото.

Астероидот има големина околу 3 километри. Исто така, научниците утврдиле дека овој објект повеќе се однесува како комета отколку како астероид, а важно е да се истакне дека и тој спаѓа во астероидите кои имаат реп.

Астероидот 3200 Фаетон го доби името според грчкиот бог на Сонцето, Хелиос, а неговиот сегашен облик го направи топлината на Сонцето која во минатото компактниот астероид го претворила на релативно ситни фрагменти чие распаѓање ќе биде видливо од Земјата.

Треба да знаете
Последни објави