Можеби мислите дека правите добро за околината со тоа што повеќе пати користите исто пластично шише за вода, но всушност правите поголема штета на вашето здравје.
Ако неколку пати со ред го користите истото шише за вода го загрозувате сопственото здравје.
Отворот на пластичните шишиња е „дувло за бактерии“, а тие бактерии нема да ги измиете со обично плакнење на шишето.
Повеќе независни тестирања покажале дека на отворот на реупотребеното пластично шише за вода има цели колонии бактерии, а истото важи и за спортските шишиња за вода, освен ако немате услови да ги стерилизирате пред секоја употреба.
Опасноста е најголема кај шишињата со устинка на извлекување.
За да го заштитите вашето здравје и околината, користете стаклени шишиња за вода и намалете ја употребата на пластични шишиња и амбалажи во секоја сфера од вашиот живот, особено оние за една употреба.