Кристијано Роналдо се најде на удар на навивачите на Реал Мадрид после изјавата дека Јувентус е поголемо семејство од Кралскиот клуб чиј дрес го носеше девет сезони.
Таквата изјава не беше најдобро прифатена меѓу навивачите на Реал Мадрид, а во врска со тоа се огласи и тренерот на Кралевите, Сантијаго Солари.
„Скромноста е нешто што врвните играчи мора да ја имаат, а ние во Реал сме фантастична и скромна екипа. Кога ќе ги земете сите сегменти во светот на фудбалот кои што ја прават екипата, тогаш ова е врвна група“, изјави Солари и додаде:
„Кристијано секогаш ќе биде дел од овој клуб во кој што испиша историја. Не е на нам да судиме како тој се чувствува, тоа е негово и има право да зборува што сака. Ако тој се чувствува така, ние немаме ништо со тоа“, изјави Солари.