Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа, а владата на СДСМ не превзема ништо да го реши овој проблем со кој што се соочуваат граѓаните,реагираат од опозициската ВМРО на соопштението на СДСМ.
„Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев не ја интересираат животите на илјадниците македонски граѓани кои се директна жртва на енормно загадениот воздух.
Наместо да се преземат конкретни мерки кои ќе ја намалат загаденоста, тие спијат или играат игрици.
Македонскиот народ знае дека актуелната власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем“, се наведува во реакцијата.
Македонија е во прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека токму поради тоа граѓаните треба да им се придружат вечерва на протестниот марш.



