Европската фудбалска унија (УЕФА) подготвува нови промени на термините, во кои се играат натпреварите во Лигата на шампионите.
Од оваа сезона, натпреварите во Лигата на шампионите се играат од 18.55 и 21 часот, меѓутоа поради финансискиот ефект, во УЕФА размислуваат за промена на термините.
Според германскиот весник наместо во вторник и среда, натпреварите во елитното натпреварување би можеле да се играат во викенд-деновите (сабота и недела).
Причината е едноставна, доколку Лигата на шампионите се игра во викендите, УЕФА ќе заработи многу повеќе пари од продажбата на телевизиските права.
Овој предлог наскоро ќе биде разгледуван, а доколку помине, тоа значи дека промените ќе влијаат на националните првенства. Прашање е како националните сојузи ќе реагираат доколку УЕФА ги усвои промените.