Тешко повредена жена по пад од трактор

Штипјанка била тешко повредена откако паднала од трактор, вчера во Штипско, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 10.30 часот во место викано Балабница во атар на село Стар Караорман. Тогаш В.Д.(57) од селото паднала од тракторска приколка натоварена со бали. Тркторот го управувал Ф.Д.(55) нејзиниот сопруг.

Жента била пренесена во Клиничка болница Штип каде е задржана на лекување.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави