Се запознале на протестите кои се случувале блиску источниот Тарб, додека изразувале незадоволство поради најавите за поскапувањето на горивото, што на крајот предизвика голема политичка криза за владата на Макрон, а нивната приказна заврши со венчавка.
Во саботата на 8 декември, двајца припадници на “жолтите елеци” во придружба на уште 20 пријатели и познаници, припадници на истото движење организирале венчавка, пренесува Ла Депеш.
На наплатните рампи кај Семек во Високите Пиренеи, помеѓу знамињата на движењето и божиќните дрвца поставени на патот, организирана беше и венчавка.
Невестата беше облечена во импровизиран жолт фустан, а главата ја прекри со вел и венче од жолто цвеќе. Нејзиниот избраник се одлучи за работнички жолти панталони и јакна со иста боја.
Сепак, за нивниот брак да биде успешен и легален, младоженците мора да застанат и пред вистински матичар.