Жозе Мурињо рекол дека не е изненаден од поразот во Валенсија, во Лигата на шампионите и дека виновни за тоа се играчите. Јунајтед на „Местаља“ загуби со 2:1, но уште претходно избори пласман во осмина-финалето.
„Не сум задоволен од играта, но на теренот не се случи ништо што би можело да ме изненади. Ништо не научив од овој натпревар што веќе не го знаев“, рекол Мурињо.
„На крајот од мечот игравме малку подобро. Но тоа се случи кога ги направив измените што не сакав да ги направам. Смолинг е повреден, Линделоф исто така, Дармијан, Марсијал, Дало…Единствените двајца играчи што можев да ги ставам во игра беа Де Хеа и Матиќ“, дополнил Португалецот.
Во второто полувреме на теренот влегоа Јанг, Рашфорд и Лингард на местата на Рохо, Фред и Лукаку.