Членовите на Европскиот парламент усвоија резолуција со која се осудува изградбата на гасоводот „Северен поток 2″.
Претставничкиот дом на Конгресот на САД, исто така, вчера едногласно усвои резолуција за воведување санкции поради изградба на гасоводот „Северен поток2″.
Како што е соопштено, резолуцијата е донесена бидејќи станува збор за политички проект кој претставува закана за европската безбедност и напорите на ЕУ да ги диверзификуваат изворите за снабдување со енергија.
– Европскиот парламент бара проектот да се откаже, се наведува во резолуцијата.
Европратениците, меѓутоа, ја пофалија Украина поради, како што е наведено, добрата соработка во енергетскиот сектор и нејзините достигнувања во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори, но сепак порачаа дека мора да продолжи со реформите, особено во однос на пазарот со гас и електрична енергија.
Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин изјави дека резолуцијата на ЕП е донесена под притисок на САД, кои исто така усвоија резолуција против изградба на 11 милијарди долари вредниот гасовод „Северен поток 2″.