Рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека не ја одбрал професијата шеф на државата кога тоа му го предложил првиот претседател на Русија, Борис Елцин.
Како што рече тој, не бил подготвен за таква одговорност.
„Не ја одбрав професијата претседател“, изјави Путин на отворен час во рамки на рускиот форум за професионална навигација „Пројекторија“ во Јарослав.
„Кога првиот претседател на Русија, Борис Николаевич Елцин ме повика и рече ‘Сакам да ja претставам вашата кандидатурата во Државната дума да бидете премиер, а потоа ќе ви понудм да одите на претседателски избори. Дали се согласувате?’ Му реков ‘не’“, раскажа Путин.
Тој посочи дека Елцин, кога го слушнал тој одговор, бил многу изненаден и заинтересиран и прашал зошто.
„Борис Николаевич, јас не сум подготвен“, му одговорил Путин. Сега актуелниот претседател на Русија пред присутните ученици на форумот објаснил дека тогаш веќе бил големо момче и веќе имал искуство со работа во разни структури на власта.
„Ви посакувам што порано да можете да донесувате важни одлуки во животот и да постигнете голем успех“, им рекол Путин на учениците кои присуствувале на отворениот час.
Инаку, Владимир Путин на 31. декември 1999 година стана в.д. претседател на Руската Федерација, а на 26 март 2000. година беше избран за претседател на државата.