Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека причината за немирите во Франција е Договорот за клима од Париз.
– Целата земја гори поради Парискиот договор, рече Трамп во интервју за телевизијата Фокс њуз.
Парискиот договор не се одразува особено добро на Париз, рече тој, напаѓајќи го уште еднаш меѓународниот договор за климата, кој никогаш не го одобрувал и од кој САД ги повлече минатата година.