Ерменско семејството кое веќе седум недели престојува во црква во Хаг, со цел да се избегне депортација и натаму се надева дека ќе добие дозвола да остане во Холандија, информира агенцијата „Франс Прес“.
Членовите на семејството Тамразјан откако им било одбиено последното барање за азил – што подразбира директна депортација во Ерменија – прибежиште нашле во мала протестантска црква во Хаг.
Околу 650 свештеници од целата земја, но исто така и од Франција, Германија и Белгија одлучиле да им помогнат и организираaт постојана маса. Во Холандија, полицијата нема право да влезе во црква за време на богослужба.
„Не знаеме како ќе се реши оваа ситуација, но се надеваме дека ќе добиеме можност да останеме во Холандија бидејќи тука е нашиот дом, ова е местото каде што припаѓам“, рекла најстарата ќерка во семејството Тамразјан во изјава за новинарите.
Харјарпи Тамразјан (21) пристигнала во Холандија пред 9 години со своите родители и сега 19-годишната сестра и 14-годишниот брат. „Мојот брат, сестра и јас пораснавме тука“, објаснила таа.
Семејството што живее на првиот кат на црквата не излегло од неа уште од октомври.