Главниот град на Косово утрово, пред гласањето во Собранието за формирање на војска на Косово, е закитен со знамињата на земјите кои ја поддржаа државата во тој процес, јави дописникот на МИА од Приштина.
Покрај косовските и бројните американски знамиња, кои беа истакнати уште во средата во центарот на Приштина и долж булеварите „Џорџ Буш” и „Бил Клинтон”, од денеска се веат и знамињата на Велика Британија и Германија, државите кои експлицитно го поддржаа формирањето на војската на Косово.
Покрај нив, истакнати се и знамињата на другите две земји од таканаречената „петорка”, Франција и Италија.
Во косовското Собрание во тек е седницата на која се заокружува законската рамка за трансформација на сегашпните Безбедносни сили во Војска на Косово.