Со имот вреден околу 14 милиони евра бизнисменот Орце Камчев гарантира дека нема да бега, дознава Телма. Според телевизијата, станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија. Дали Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Мислење треба да даде и СЈО.
Судот треба да се произнесе и за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков кој неделава исто така понуди гаранција. Три недвижни имоти процененти на 1 милион евра станбен и деловен простор.