Комеморативна седница за починатиот градоначалник на Охрид
По повод ненадејната смрт на градоначалникот, проф.д-р Јован Стојаноски, Општина Охрид утре со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна
седница, соопштија од општината.
Посмртните останки на градоначалникот на Охрид ќе бидат изложени на 17 декември (понеделник), од 12 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид.