Претседателот на Република Албанија,Илир Мета, е добитник на признанието „Светски политичар за 2018″ што ја доделува фондацијата „Foedus”. Признанието му се доделува за „Промоција и зацврстување на односите и пријателството меѓу Албанија и Италија”.
На гала свеченоста одржана во Рим, под мотото „Еден дар за една насмевка”, претседателот на фондацијата Марио Бакини врачувајќи му ја наградата на Мета, рече дека ова престижно признание се доделува секоја година на италијански личности и странци, за посебни заслуги во нивната сфера.
Заблагодарувајќи се за огромната чест Мета рече дека наградата ја посветува на илјадниците Албанци кои живеат и работат во Италија.
-Ова признание го посветувам на илјадниците Албанци кои жвеат и работат во Италија,на нашите сакани Арбереши,кои ги поврзуваат нашите народи на уникатен начин 500 години,но и на илјадници Италјанци кои,со години живеат и работат во Албанија. Осумнаесетото издание на вашата фондација се одржува под мотото “Дар за една насмевка” јас ќе се заблагодарам со зборовите на една голема Албанка, Светата Мајка Тереза,која има речено дека мирот почнува со една насмевка,- рече Мета.
Признание добија и УНИЦЕФ, НЕУРОМЕД Италија, генералниот директор на италијанската полиција Франко Габриели и познатиот италијански пеач Фаусто Леали.