(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”, сведочи за белградските медиуми момче од Битола, кое патувало со автобусот кој ноќеска околу 1.45 часот се преврте кај Лесковац во Србија. Автобусот се излизгал од патот, ја пробил заштитната ограда и се превртел во снегот покрај патот. Притоа загинаа тројца македонски државјани, маж и две жени, четворица се повредени потешко, а 28 имаат полесни повреди. Меѓу повредените има и едно и полгодишно бебе, како и деветгодишно дете.

Потешко повредените патници се префрлени во болницата во Ниш и никој од нив не е во животна опасност.

https://youtu.be/XlaeGG2XfJs

,,Не знам кој повика полиција и итна помош, но брзо по несреќата пристигнаа лекарите кои влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа и пожарникарите, кои што не извлекоа од автобусот”, раскажува момчето кое што има повреда на раката.

Никој од патниците не знае како се случила несреќата, бидејќи во тој момент речиси сите спиеле. Повеќето од патниците се млади луѓе кои тргнале по работа во Виена.

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се двете идентификувани жртви од македонскиот автобус кој синоќа се преврте кај Лесковац.

Треба да знаете
Последни објави