Фудбалерите на Ливерпул вчера славеа против Манчестер Јунајтед со 3:1 во големото дерби на Островот и останаа на првото место на табелата во Премиер лигата.
Ливерпул триумфираше против Манчестер Јунајтед пред своите навивачи на „Енфилд Роуд“, со што „Редси“ останаа на врвот со 45 бода, додека Јунајтед остана на разочарувачкото 6-то место со само 26 освоени бода после 17 кола во Премиер лигата.
Сепак, иако Ливерпул вчера доминираше против Јунајтед, Жозе Мурињо после натпреварот изјави дека избраниците на Клоп имале среќа.
„Ливерпул е силен тим, а секогаш е тешко да се примат голови во моментите кога ги примивме. Се боревме на отворањето во првите 20 минути, не можевме да се носиме со нивниот притисок, но бевме смирени и контролирани. Шаќири постигна два лесни гола, а како што се одбија топките, немаше шанси за одбрана. Ако зборувате за среќа, тогаш зборувајте за нивниот втор и трет гол“, изјави Мурињо.