Ријад ја осуди резолуцијата усвоена од Сенатот

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија ја осуди резолуцијата што неодамна беше усвоена од американскиот Сенат во врска со убиството на новинарот Џемал Кашоги.

Судиско министерство наведува дека неговото убиство е зло, но дека тоа не ја одразува политиката на кралството.

Во соопштението објавено од Саудиска новинска агенција, се вели дека неодамна усвоената позиција на Сенатот е базирана на несовесно изнесени обвиненија и претставува флагрантно мешање во внатрешните работи на Ријад, пренесува Ројтерс.

Оваа позиција, како што се додава, штети и во улогата на Саудиска Арабија на регионално и меѓународно ниво.

Американскиот сенат едногласно ја усвои резолуцијата во која саудискиот принц Мохамед бин Салман беше обвинет за убиствоти на саудискиот новинар Џемал Кашоги.

Исто така, се наведува дека Саудиска Арабија купува воена опрема и соработува со владите на Русија и Кина, што, како што се наведува, би можело да ја загрози интеграцијата на воените односи на САД и Саудиска Арабија.

 

Треба да знаете
Последни објави