Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, сѐ уште не може да ја преболи елиминацијата од Лигата на шампионите.
Педесет и деветгодишниот италијански фудбалски стручњак призна дека поразот од Ливерпул беше тежок удар за неговите играчи.
– Поразот од Ливерпул беше тежок удар за Наполи. Сега треба да се насочиме кон Серија А, но да не заборавиме дека ќе играме и во Лига Европа. Имаме добри изгледи. Работите одат многу добро, но мислам дека можеме да играме многу подобро. Ние сме прилично конкурентни, вели Анчелоти.
Наполи е на второ место во Италијанскиот шампионат со 38 поени, осум помалку од лидерот Јувентус.