Европската комисија денеска одлучи да ја казни компанијата Guess, познат моден бренд од САД со речиси 40 милиони евра за блокирање на прекуграничната интернет продажба и задржување на вештачки повисоки цени во земјите од Централна и Источна Европа во споредба со западните членки на ЕУ.
Европската унија ги забрани бариерите во интернет-трговијата, однсоно геоблокирањето. Некои интернет продавници не дозволувале продажба во некои земји-членки, што е дискриминација на потрошувачите. Новите правила за забрана на геоблокирањето се на сила од 3 декември.
-Преку договори за редистрибуција, Guess се обидел да ги спречи потрошувачите во ЕУ да купуваат во другите земји-членки, спречувајќи ги трговците да се рекламираат и продаваат во странство. Компанијата на тој начин успевала да ги задржи цените вештачки високи, особено во Централна и Источна Европа. Комисијата ја намалила казната за Guess за 50 отсто на 39.821.000 евра бидејќи компанијата соработувала во истрагата.
Комисијата утврдила дека производите на Guess во просек се од пет до десет отсто поскапи во Бугарија, Хрватска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Чешка, Романија, Словачка и Словенија отколку во западноевропските земји.