Неодамна се појави информација дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја напушти екипата на ЛА Галакси и ќе се врати во редовите на италијански Милан.
„Росоњерите“ сакаа да го доведат Ибрахимовиќ во јануарскиот преоден рок, но сепак не успеаа во тоа. Ибрахимовиќ самиот ги демантираше шпекулациите околу неговото враќање на „Сан Сиро“, а денес тоа официјално го направи на својот профил.
„МЛС, се уште немам завршено со тебе“, порача Ибрахимовиќ со што стана јасно дека Швеѓанецот ќе остане во редовите на ЛА Галакси.