За човекот е многу важно да внесува доволен број минерали во својот организам. Токму затоа кога станува збор за минералите, треба да имате неколку работи во предвид.
На пример, ако често се чувствувате премногу уморни – тоа е знак дека само ви недостасува железо. Ако нозете и рацете постојано ви се ладни – тоа се типични симптоми при недостаток на минерални материи.
Причините зошто организмот не добива доволно минерали е поради неправилната исхрана, строгите диети и недостатокот на информации.
За да го снабдите организмот со доволно минерални материи, хранете се разумно. Јадете свежо овошје и зеленчук, но не ги оставајте подолго време во вода, за да не се изгубат минералните материи. Исто така, претпочитајте производи во природната форма, а не преработени. На пример житните растенија се богати со минерали, но брашното содржи премногу мало количество на вредни состојки.
Еве која храна крие најмногу минерали:
Железо
Се содржи најмногу во месото, црниот дроб, житариците, гравот, лебот со полни зрна, овесните снегулки. Содржината на чаша сок од портокал (природно приготвен), делумно ќе ја задоволи потребата од железо, ако не го уништите со кафе или чај.
Јод
Најчесто ќе го сретнете во рибата и морските производи и во помали количини во лебот и млекото. Секогаш користете јодирана сол. Еднаш во неделата јадете риба.
Калциум
Во менито задолжително треба да присуствува млекото и сирењето. Не игнорирајте го и зеленчукот – зелка, брокула, спанаќ. Ако ги комбинирате со храна која содржи фосфати (салама, чоколадо, кафе, чај), калциумот ќе биде уништен од нив.
Магнезиум
Најбогати се житариците, оревите, семките, спанаќот, зрнестите растенија и бананите. Потребата од магнезиум се зголемува при конзумацијата на алкохол и при постоењето на стрес.
Цинк
Се содржи претежно во пченкарните производи, овесните снегулки, морските производи, црниот д