Пандев со свој став за спорната ситуација на натпреварот со Рома

Џенова на македонскиот репрезентативец Горан Пандев два пати водеше и на крајот изгуби од екипата на Рома со 3-2. Иако имаше одлични шанси да го порази тимот на Рома, сепак на крајот остана со празни раце. Дуелот на „Олимпико“ можеше и сосема поинаку да заврши, ако судиите во финишот на средбата досудеа пенал за гостите од Џенова.

Имено нашиот Горан Пандев се најде во добра позиција да шутира со глава, но зад грб беше турнат од Флоренци, но ниту главниот судија, ниту неговите помошници, ниту оние во ВАР собата се огласија, па домаќините дојдоа до трите бода.

На крајот од мечот се огласи и Пандев, кој во изјава за италијанска телевизија, потенцираше дека покрај фудбалерите и судиите се тие што праваат грешки.

– Имавме чиста пенал ситуација. Останавме без бодови од овој меч. Но, покрај фудбалерите и судиите се тие што праваат грешки. Не требаше да изгубиме. Жал ми е за целата ситуација. Сепак откако се случи моментот во шеснаесетникот, му укажав на судијата, но тој само ми се насмевна. Вакви ситуации можат да се избегнат со ВАР системот. На крајот судијата ми потенцираше дека видел точно што се случило, – изјави Пандев.

Треба да знаете
Последни објави