Познато е дека голема е веројатноста Адриен Рабио да го напушти „Паркот на принцовите“, а тоа може да се случи веќе во јануари.
Договорот на Адриен Рабио со ПСЖ истекува на лето, а со оглед на тоа што Французинот не го продолжува договорот со парискиот клуб, голема е веројатноста тој да го напушти клубот веќе идниот месец.
Јасно е дека ПСЖ во секој случај ќе остане без одличен играч кој ќе замине за релативно мало обесштетување, а дека Рабио наскоро би можел да го напушти Париз призна и Томас Тухел.
„Не можам да гарантирам дека Рабио ќе ја заврши сезоната со нас, се уште станува збор за истиот проблем. Тој нема кажано „да“ на ПСЖ. Поради тоа, сега се е можно“, изјави Тухел.