Мароканското министерство за внатрешни работи соопшти дека две туристки од Норвешка и Данска биле пронајдени мртви на Атласките планини во централниот дел на Мароко.
„Ројтерс“ пренесе дека двете имале повреди на вратот од нож.
„Жените се пронајдени во изолирано подрачје на патот кон Тубкал, највисокиот врв во северна Африка“, се вели во соопштението на мароканското министерство.
„Ројтерс“ наведува дека Тубкал е популарен кај љубителите на шетањето и искачувањето по планини, а се наоѓа на 82 километри јужно од Маракеш, туристички најзначајниот град во Мароко.
Од министерството велат дека е отворена истрага за околносте за инцидентот. Не се наведени детали.