Ловокрадец е осуден на една година затвор, но и еднаш месечно ќе мора да го гледа цртаниот филм на Бамби. Ова е дел од неговата казна којашто му ја изрече судот поради долгогодишно нелегално убивање на елени.
Судот во Мисури, САД му нареди на Дејвид Бери да го гледа филмот најмалку еднаш месечно за време на неговата едногодишна затворска казна. Тој е осуден за еден од најголемите случаи против ловци на елени во историјата на државата.
Елените биле ловени како трофеи, главно ноќе. Ловците на трофеи биле заинтересирани само за роговите, додека телата на елените биле оставни да скапуваат” , рече обвинителот Дон Тротер.
На Бери, неговиот татко, двајцата браќа и на уште еден човек што им помогнал им се одземени доволите за лов. Тие платиле 51.000 долари за судски трошоци, но судијата нареди и специјално дополнување на пресудата на Бери за незаконско ловење. з
Судските документи покажуваат дека му било наредено од страна на судијата на округот Роберт Џорџ ,,да го гледа филмот на Волт Дизни – Бамби, при што тоа мора да го стори пред 23 декември годинава, а потоа секој месец по најмалку еднаш мора да го гледа истиот филм”.
Бери, исто така, беше осуден на 120 дена во затвор во околината на округот Бартон за прекршување на условите за огнено оружје.
Неговиот татко, Дејвид Бери и неговиот брат Кајл Бери, беа уапсени во август по речиси деветмесечна истрага, поради случаи во Канзас, Небраска и Канада. Одделот за зачувување на Мисури изјави дека информациите од истрагата довеле до 14 жители на Мисури кои се соочуваат со повеќе од 230 обвиненија во 11 земји.
Истражителите велат дека другиот син на Бери, Ерик Бери, бил исто така фатен со уште едно лице додека ноќе со специјално светло ловеле елени.
Истрагата за Бери започнала на крајот од 2015 година, кога Агенцијата за заштита на природата добила анонимна пријава за ловокрадци во округот Лоренс.