Кривична пријава против двајца полициски службеници поради злоупотреба на службената положба и овластување

Кривична пријава против двајца полициски службеници поради злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници во Надворешна канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ по член 140 став 4 вв став 1 и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичникот законик на Република Македонија, соопштија од полицијата.

„Пријавените во својство на овластени службени лица со полициски овластувања ја злоупотребиле службената положба и овластување со пречекорување на границите на нивното службено овластување при што во центарот на Гевгелија без наредба од суд противправно лишиле од слобода две лица и ги однеле во полициската станица од општа надлежност во Гевгелија каде им била ограничена слободата на движење по што над лицата и возилото извршиле претрес и за превземените дејствија не изготвиле службени материјали за евидентирање на настанот.

Против полициските службеници поведена е и постапка за дисциплинска одговорност.

Треба да знаете
Последни објави