Собранието го изгласа Законот за амнестија со 95 гласа „ЗА“

Собранието со 95 гласови  „за“ и без ниеден „против“, го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието на 27 април 2017, откако претходно предложениот закон помина на матичните комисии и беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група.

Кон групата пратенци и предлагачи се приклучија и пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ  заедно со Панчо Минов од ГРОМ. Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и лидерот на ЛДП, Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето. За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Зеќир Рамчиловиќ го образложи Законот за амнестија и рече дека „овие две години беа тешки, можеби најтеши во историјата на праламентаризмот и со овој Закон, наредните две години треба да ги релаксираме односите“.

Веднаш по неговото образложение пратениците го изгласаа Законот.

Со Законот за амнестија нема да може да бидат амнестирани: организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата под фантомки, лица кои носеле оружје и експлозивни материи ислужбени лица кои ги пречекориле своите овластувања.

Откако Законот ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија.

 

Треба да знаете
Последни објави