Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, призна дека бил подготвен да ја заврши кариерата откако го напушти Јувентус.
Според него, понудата од Париз дошла неочекувано.
– Решив да ја завршам кариерата. Мислев дека само повик од Барселона, Реал или ПСЖ може да ја промени ситуацијата. Сметав дека тоа беше само сон, некакво лудило. Не мислев дека е сериозно. Веќе планирав што ќе правам по фудбалот. И тогаш следуваше повикот од ПСЖ, раскажува Џиџи.
– Ми беа потребни две недели за размислување, бидејќи не ми се допаѓа празен разговор. Кога давам збор, сакам да останам на тоа. ПСЖ ќе биде мојот последен клуб. Ова е еден вид дар од судбината, изјави Буфон.
Легендарниот 40-годишен голман во текот на својата кариера пред ПСЖ и Јувентус, бранеше само уште во Парма. За италијанската репрезентација има 175 настапи.