Пијалокот му дава топлина на телото и овозможува брз и лесен сон.
Мешавина од млеко и куркума со години се користи во древната индиска ајурвердска пракса, но ако додадете уште неколку состојки, ќе добиете пијалак што го регулира варењето и го подобрува спиењето.
За да го направите овој микс, потребно е:
2 чаши кокосово млеко
1 лажичка куркума во прав
¼ лажички црн бибер
1 мало парче ѓумбир
мед или засладувач каков што сакате
Подготовка:
Ставете ги сите состојки (освен медот) во тенџере и оставете ги на средно силен оган. Кога ќе почне да врие, намалете го огнот и варете уште 5 минути. Отстранете го ѓумбирот, поделете го пијалокот во две чаши, додадете го медот и испијте го топол. Пијалокот му дава топлина на телото и овозможува брзо и лесно спиење.