Жозе Мурињо во понеделникот доби отказ од тренерската позиција во Манчестер Јунајтед, а после неколку дена молк, Португалецот конечно се огласи.
Мурињо преку соопштение до јавноста порача дека е горд што во изминатиот период го носеше грбот на Манчестер Јунајтед.
„Неизмерно сум горд што го носев грбот на Манчестер Јунајтед од првиот ден кога пристигнав во клубот и мислам дека навивачите се свесни за тоа. Баш како што тоа беше случај и со моите претходни клубови, работев со некои прекрасни луѓе и верувам дека некои од нив ќе ми бидат пријатели до крајот на животот“, изјави Жозе Мурињо и додаде:
„Се надевам дека медиумите ќе ја почитуваат мојата позиција и ќе ме остават да живеам нормален живот се додека не одлучам повторно да се вратам на фудбалот. Среќен Божиќ“, изјави Жозе Мурињо.