Песков објасни зошто Путин не користи паметен телефон

Рускиот претседател, Владимир Путин, не користи мобилен телефон, бидејќи ваков уред подразбира подготвеност за целосна транспарентност, објасни портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во интервју за телевизијата „Русија 24“, Песков изјави дека употребата на паметни телефони е доброволен егзибиционизам и целосна отвореност, бидејќи во моментот кога ќе земе паметен телефон во рака, корисникот се лишува од приватност, пренесува агенцијата „Тасс“.

„Се разбира, еден претседател не треба да се согласи со тоа, особено не претседател на земја како што е Русија и претседател како Путин“, рече Песков, додавајќи дека старите добри телефони со затворена врска ќе ги надживеат сите паметни телефони.

Според него, информативните материјали за претседателот се подготвуваат со помош на принтери и дигитални уреди.

„Претседателот може да се информиран на компјутер, интернет и преку телевизија“, рече Песков.

Одговарајќи на прашање дали се консултира со Путин пред да коментира изјава на некое странско службено лице, Песков изјави дека секогаш постои можност да се побара од претседателот да го појасни својот став

Треба да знаете
Последни објави