Работното време е поврзано со дијабетесот

Предолгото работно време, во новото истражување  е поврзано со поголем ризик за дијабетес од типот 2.

Научно списание објави податоци собрани од околу 222.000 испитаници од Европа, САД, Јапонија и Австралија.

Испитаниците се следени во просек меѓу седум и осум години.

Се покажало дека работната недела подолга од 55 часа кај физички работници е поврзана со 30 отсто поголем ризик од дијабетес тип 2, во однос на работната недела која трае меѓу 35 и 40 часа.

Истото се однесувало и на слични послабо платени работни места со понизок социекономски статус, предупредуваат истражувачите.

Вооченото зголемување на ризикот било присутно без оглед на останатите фактори како пушењето, возраста и дебелината.

Треба да знаете
Последни објави