Продолжува поставувањето на прочистувачи во средните училиштата

Акцијата за поставување  прочистувачи на воздухот во сите 23 средни училишта на Град Скопје, што ја најавивме пред неколку дена, денеска продолжува во СУГС „Никола Карев“.

-Во училиштето се поставени 34 прочистувачи, односно во сите училници, со што за 1.107 средношколци обезбедуваме почист воздух за време на наставата, што е особено важно во деновите на зголемено загадување на воздухот во градот. Тргнувајќи од фактот дека нашите ученици се движечка сила и иднината на општеството и сознанието  дека околу една третина од денот  го поминуваат  во училишните простории, Градот  со поставувањето на прочистувачите, сака на вкупно 21.783 средношколци да им овозможи  почист воздух и поздрава животна средина – кажа рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште.

-Наша должност е да се грижиме за здравјето на нашите сограѓани, а квалитетот на здравјето на децата е наш приоритет – нагласи Салиху.

Градот Скопје континуирано работи на создавање услови за поздрава животна средина поставувајќи си цели и задачи  со кои ќе се намалат ризиците по здравјето на нашите сограѓани.

Треба да знаете
Последни објави