Ужасна секта: Сите носат сино и имаат секс меѓу себе
На Нов Зеланд не престануваат контроверзите околу заедницата, односно сектата Глоравале од која се почесто бегаат нејзините членови, а и полицијата константно ги повикува сите оние кои имаат врска со оваа заедница да дојдат и да раскажат за нвините искуства.
Глориавале всушност е религиски култ кој во последните неколку години се споменуваше во повеќе наврати поради начинот на живот и делува само на Нов Зеланд.
Она поради што полицијата одлучи да реагира се приказните од членовите кои ја напуштиле оваа контроверзна заедница и раскажале за хоророт што таму го доживеале. Заедницата на Нов Зеланд многумина ја нарекуваат „мала Северна Кореа“ во која сите носат сини униформи, забранета е контрацепцијата, потполно се затворени од надворешниот свет, а неодамна се појавија и обвинувања за сексуално злоставување во кое биле вклучени и малолетни девојчиња.
Во оваа бизарна секта на тинејџерите им е забрането да разговараат додека не се венчаат, но за тоа со кого ќе се венчаат не одлучуваат тие туку советот од 12 старци. Еден од оние кои го напуштиле култот е Илајџа Оверкомер, кој култот го напуштил пред две години со сопругата и двете деца.
Во разговор за една телевизија на Нов Зеланд раскажа како изгледал неговиот живот во заедницата. Таткото на Илајца таму отишол уште одамна, така што тој бил роден во култот и таму израснал. Култот го напуштил кога имал 26 години.
-Во Глориавале живеат нешто повеќе од 500 луѓе. Се сеќавам дека некогаш беа само 250, но бидејќи беше забранета контрацепцијата, порасна бројот на членовите. Таму постојат семејства со десет и повеќе деца. Глориавале е заедница која е создадена долго да трае и мислам дека ќе трае. Па постои од 1969. Таму им луѓе што не знаат ништо друго освен за Глориавале, рече Илајџа.
Кога имал 19 години почнал да работи на фармата внатре во заедницата, а на 22 години му било дозволено да работи на една фарма надвор од заедницата. Само 8 членови имале дозвола да работат надвор од Глориавале, додека другите морале да останат само внатре во заедницата.
Членовите кои работеле надвор од заедницата се што ќе заработеле на другите фарми морале да го дадат во благајната на Глориавале.
„Луѓето ги почитуваат работниците од заедницата зошто беа научени на строга работна дисциплина. Сакав да работам надвор од заедницата и мразев што морав да се вратам дома. По вечерата седевме и моравме да слушаме некој како раскажува глупости за некои ситници. Сите моравме да молчиме,. Беше бескрајно досадно, рече тој, кој на фармата надвор од заедницата заработил 11.000 долари, но не добил ниту цент.
„Додека сте таму за парите никогаш не размислувате, зошто постојат луѓе кои се грижат за се, рече Илајџа. Инаку според некои податоци, Глориавале поседува недвижности и фирми во вредност од 36,6 милиони долари. Членовите кои ќе одлучат да ја напуштат оваа заедница не смеат да земат со себе ништо.