Претседателот Ѓорѓе Иванов го потпиша законот за амнестија. Законот вчера е објавен во Службен весник, што значи дека веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.
Законот за амнестија кој на 18 овој месец беше донесен со 95 гласа „за“ ниту еден „против“ и ниту еден воздржан е веќе потпишан од страна на претседателот Ѓорге Иванов и вчера е објавен во Службен весник со што е и стапен на сила.
Од денеска започнува да тече рокот од 5 дена за поднесување на барање за амнестија од страна на обвинетите. По поднесените барања судот по консултација со Јавното обвинителство ќе однесе одлука по истите.