Фрлале шишиња и чаши кон обезбедувањето зашто не им дозволиле да влезат во ноќен клуб

Во ноќен клуб во катната гаража „Солунски Конгрес“, дошло до инцидент.

Како што соопшти полицијата, неколку лица, под дејство на алкохол, го нарушиле јавниот ред и мир, поради тоа што не им бил дозволен влез во ноќниот клуб. Лицата почнале да фрлаат шишиња и чаши кон вработените во обезбедувањето на објектот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави