Поради зголемената концентрација на токсични материи во воздухот, Оперативниот штаб на Владата на кантон Сараево денеска ја објави втората епизода на предупредување од планот за интервентни мерки и за проценка на идната состојба на загадување на воздухот, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Во наредните денови, како што најавуваат од Владата на кантонот, во зависност од состојбата ќе се преземат дополнителни мерки ако продолжи трендот на раст на токсичните материи во воздухот, објавија медиумите во БиХ.
Со оглед на најавите за стабилни временски услови за кантонот Сараево во наредните 24 часа, поради што се очекува зголемување на нивото на штетните честички во воздухот, прогласена е втората епизода од интервентните мерки.
Тамошните медиуми соопштуваат дека натаму на сила се и мерките од првата епизода на интервентно дејствување под назнаката „претпазливост“.