Најмалку 36 лета денеска се одложени, а осум се откажани на московските аеродроми „Внуково”, „Домодедово” и „Шереметјево”, поради неповолни временски услови.
Како што пренесуваат руските медиуми, на аеродромот „Внуково” се одложени седум лета, а еден е откажан во 9 часот по московско време.
Девет летови се одложени на аеродромот „Шереметјево”, додека на „Домодедово” се одложени 20 лета, а седум се откажани.
Хидрометеоролошкиот центар на Русија соопшти дека во руската престолнина денеска се очекува температура од минус четири степени, а во регионот на Москва до минус седум. Метеоролозите предупредуваат на снежни врнежи, олујни ветрови и голомразица.