Едно лице загина во сообраќајка за време на протест на „жолтите елеци”

Возач на автомобил загина утрово во јужна Франција кога со возилото удрил во камион на обиколка блокирана од „жолтите елеци”, соопштија локалните власти.

– Возачот, 36-годишен маж, загина во сообраќајна несреќа што се случи во близина на Перпиња, изјави полициски службеник.

Со ова бројот на смртни случаи поврзани со повеќенеделните антивладини протести се зголеми на десет.

Демонстрантите и денеска организираат протестни акции ширум земјата, како и секоја друга сабота, почнувајќи од средината на ноември.

Треба да знаете
Последни објави