Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира“ изразува загриженост поради штетното однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во семакедонската борба да се спречат уставните измени, се вели во нивото соопштение.
„Наместо сплотени и единствени во борбата против марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско, Мицковски отвора фронт против Единствена Македонија.
Познато е дека минатата сабота „Македонија-Блокира“ со прилепските бранители протестираше во Прилеп, по што се највија блокади во Прилеп секоја сабота.
Познато е дека ВМРО-ДПМНЕ околу месец дена маршира секоја среда во Скопје и секоја недела во некој град во Македонија. Меѓутоа, Мицковски наместо во недела, одеднаш прави неочекуван пресврт и денес, сабота, ќе маршира во Прилеп со цел да ги неутрализира блокадите на „Македонија-Блокира““, се вели во нивното соопштение.
Оттаму велат дека Мицковски и должи одговор на јавноста, кој е за него противник во борбата за одбрана на македонскиот народ – Јанко Бачев или Зоран Заев.