Иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека военото присуство на САД во Сирија беше „нелогично и извор на тензија”.
– Влезот и присуството на американските сили во регионот од почеток беше грешка, нелогичен потег и извор на тензија и главна причина за нестабилност, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми.
Американскиот претседател Доналд Трамп започна со целосно повлекување на трупите на САД од Сирија. Тој во средата рече дека американските сили успеале во својата мисија – ја поразиле Исламска држава и дека веќе нема потреба да бидат распоредени во таа земја.