(Видео) Џез музичар свирел на гитара додека му го оперирале мозокот

„Многу е тешко да се концентрирате додека ги слушате звуците на хируршкиот ласер во мозокот“, рекол Јужноафриканскиот џез музичар, Муса Манцини кој свирел низ целиот свет, но најнеобичниот настап го имал неодамна додека свирел на гитара додека лекарите му го оперирале мозокот.

Видео снимката од Манцини, направена за време на шестчасовната операција на тумор на мозокот, го покажува музичарот опкружен со медицински персонал додека лежи во операционата сала и свири.
Ова им овозможило на лекарите во Јужна Африка да ги следат деловите на мозокот што ги користел Манцини и на тој начин да ги зачуваат и да ја вратат подвижноста на неговите прсти, оштетена од туморот.

Лекарите одлучиле да го држат Манцини буден за да можат да проценат кои делови од мозокот функционираат за време на  операцијата и со тоа да го намалат ризикот од невролошки оштетувања.

-Беше успешно, а најголем ризик беше можност за парализа. Не сум парализиран, сè уште ги контролирам моите екстремитети и имам добро расположение и добро се опоравам, рече Манзини, кој вели дека има намера да се врати на сцената кога ќе се опорави.

Треба да знаете
Последни објави