Во Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми трча во центарот на главниот град.
Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер. Должината на патеката е само 2 километрa и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Стартот и финишот на трката беа на плоштадот Македонија, а се трчаше кон Порта Македонија, Паркот на жената борец, „Холидеј ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.
Трката ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.