Турските обвинители испитуваат двајца познати актери поради нивните изјави за време на телевизиска програма, во кои тие го навредиле турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави агенцијата Анадолија.
Во изјавата на истанбулските обвинители, како што пренесе агенцијата Анадолија, посочиле дека актерите Метин Акпинар и Муџад Гезен се повикани на сослушување откако медиумите пишувале дека тие двајца наводно го навредиле турскиот претседател.
Според тамошните медиуми двајцата актери упатиле и смртни закани кон турскиот претседател.