Откако Милан беше поразен на домашен терен од Фиорентина, раководството на клубот почна да покажува сомнеж дека екипата некогаш ќе проработи под водство на Џенаро Гатузо.
Милан нема победа на последние 5 натпревари во Серија А и во меѓувреме испадна од Лига Европа, па затоа Гатузо се најде на удар кај раководството.
Сопствениците на клубот, заедно со спортскиот директор Газидис, испратија опомена до Гатузо дека доколку не победи на двата следни натпревари од Серија А ќе биде отпуштен од тренерската позиција. Ултиматумот доаѓа во момент кога Милан има прилично лесен распоред, со Фросиноне и СПАЛ како противници во наредните две кола.
Доколку Гатузо не успее да ги добие овие два натпревари, веројатно ќе ја загуби работата. Како најсериозен наследник за тренерската позиција се смета Арсен Венгер, кој успешно соработуваше со актуелниот спортски директор на Милан, Иван Газидис, додека двајцата беа дел од Арсенал.